Напрвен робот кој сам ќе ја чисти градината

tertil.png

Американскиот технолошки старт – ап направи соларен и водоотпорен робот којшто го елиминира плевелот од градината.

„Tertill“ е робот којшто работи на соларен погон и е наменет за домашните градини. Малиот робот ‘живее’ во зеленчукова или цветна градина и секој ден ја полни батеријата користејќи ја сончевата светлина. Кога батеријата ќе се наполни, почнува да шета низ градината и штом наиде на плевел го сече и ја продолжува патролата низ градината.

Овој робот ги решава фрустрирачите аспекти од градинарството“, вели извршниот директор на компанијата, Рори Мекен.

Во „Tertill“ има вградено сензори коишто помагаат да препознава растенија и да не ги оштетува, а својата работа ја извршува и кога врне дожд.

Поставен е на платформата за групно финансирање каде треба да собере 120.000 долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail