Наредните неколку години ќе бидат премногу топли, предвидува новиот научен метод

zesko.jpeg

Следните неколку години би можеле да бидат премногу топли, покажува најновото истражување на основа на математички модел.

Истражувачите развиле математички модел кој предвидува колку просечната глобална температура на површинскиот воздух ќе варира во текот на следните неколку години, а резултатите покажуваат дека од 2018. до 2022. година можеме да доживееме пораст на екстремните температури.

Затоплувањето предизвикано од ослободување на гасови како јаглерод-диоксид не се зголемува со целосно стабилна брзина.

На почетокот на 21. век, научниците истакнале дека постои пауза во затоплувањето, но неколку анализи покажале дека петте најтопли години уследиле по 2010. година.

Ова варирање од година во година не влијае на долготрајниот тренд на зголемувањето на темпаратурите.

Сега, новиот метод за предвидување на глобалните температури покажува дека наредните неколку години ќе бидат потопли од тоа што се очекува. Наместо да се користат вообичаени техники за симулирање на клима, Флоријан Севелек, од Националниот центар за научни истражувања во Брест, и Сибирен С. Дрифут од Универзитетот во Саутемптон, создале статистички метод за пребарување низ симулацијата за климатски услови во 20. и 21. век и барале ситуации слични на денешните.

Тимот потоа ги користел овие климатски “аналогии” за да ги предвиди можностите кои ќе ги донесе иднината.

Конкретно, високите температури кои се предвидени во наредните неколку години ќе уследат поради малата веројатност за настапување на премногу студени периоди.

Кога алгоритмот е “научен”, а процесот трае неколку минути, предвидувањата се прават за неколку стотинки на лап-топ. Во споредба со тоа, на суперкомпјутерите им се потребни неколку недели кога ги користат традиционалните методи на симулација на климата, пренесува “BBC”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail