НАСА ги објави првите фотографии од Големата црвена дамка на Јупитер

kosmos_jupiter_3-640x468.jpg

НАСА ги објави првите  фотогорафии што ги направи сондата Џуно при историското прелетување над најпозната вселенска бура- Големата црвена дамка.

Сондата Џуно што орбитира околу Јупитер нешто повеќе од една година, во понеделникот помина директно над Големата црвена дамка на оддалеченост од околу 9.000 километри што е најголемо приближување што едно летало го направило досега.

Овие восхитувачки фотографии НАСА ги објави онлајн и ги охрабрува ентузијатите да ги обработуваат и подобрат боите за да се нагласат различните аспекти.

НАСА во моментов исто така ги обработува фотографиите и во следните денови се очекува да бидат објавени уште повеќе.

Јавноста исто така помага во одлуката кои точки од планетата ќе бидат фотографирани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail