НАСА го избомбардира Антарктикот со сателитски ласер за да биде во тек со климатските промени (ВИДЕО)

НАСА почна да го тестира својот ласерски систем за ниска орбита со бомбардирање на Антарктикот со трилиони фотони во надеж дека ќе го утврди степенот до кој климатските промени влијаат на поларните ледени покривки.

Сателитот за мраз, облаци и висина на тлото 2 (Ајс сат-2) беше лансиран во орбитата на 15 септември, но првпат беше активиран на 30 септември. Двонеделните подготовки беа потребни за да се овозможи растерување на земните загадувачи и гасови пред да се тестира ласерот.

Концептот е едноставен: ласерот испукува 10.000 импулси во секунда врз ледената покривка и го мери времето на патување на неколкуте фотони што се враќаат назад во орбитата. Единствениот инструмент на Ајс сат-2, наречен Напреден топографски ласерски алтиметарски систем (АТЛАС), може да ги темпира фотоните со неверојатна точност – прецизност од помалку од милијардити дел од секундата.

„Никој не дишеше додека чекавме ласерите да се вклучат и да ги видиме тие први фотони како се враќаат“, рече Доња Даглас-Бредшо, проект-менаџер на АТЛАС. Уредот мора да пробие низ облаците од откриените фотони за да го издвои сигналот на Ајс сат од околната бучава, претежно од нашето Сонце.

Ајс сат-2 ја зазеде својата конечна поларна орбита, приближно 500 километри над Земјата, и ќе помине уште неколку месеци во калибрирање и тестирање пред програмата да почне како што треба.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail