НАСА го одложи лансирањето на нова генерација вселенски телескоп

nasa_psyche_mission_1-1024x681-e1496049805557-640x430.jpg

НАСА го одложи лансирањето на новиот модерен „вселенски телескоп од новата генерација“ до 2020 година.

Во соопштението се наведува дека за конструкција и тестирање на сателитот им е потребно повеќе време. Телескопот „Џејмс Веб” е всушност наследник на „Хабл”. Тој требаше да биде лансиран оваа година, но НАСА прво есента лани го одложи тоа за 2019 година, а сега го пролонгира за уште една година, пренесуваат западните медиуми.

– Имаме само една можност да го извршиме правилно ова лансирање на телескопот во Вселената… Се случија грешки при подготовката на телескопот, па ни треба повеќе време за да го утврдиме целиот обем на проектот, рече претставникот на НАСА, Томас Зурбухен.

НАСА и нивниот партнер – Европската вселенска агенција заедно ќе го утврдуваат новиот датум за лансирање.

Зурбухен, исто така, додава и дека трошоците за проектот би можеле да го надминат лимитот од осум милијарди долари, кои ги одреди американскиот Конгрес. НАСА досега потрошила седум милијарди долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top