НАСА го прави најладното место во вселената

img-324072.jpg

Малата кутија која наскоро ќе биде лансирана на Меѓународната вселенска станица, ќе стане најладното место во вселената. Во кутија опремена со ласер, вакуум, посебна комора и електромагнетен „нож“, температурата ќе се спушти до 100 милиони пати пониско од онаа што владее во длабочината на вселената.

Кога атомите на гасот ќе се изладат во кутијата, тие ќе преминат во состојба на суперфлуид, односно Бозе-Ајнштајнов кондензат. Тоа ќе им овозможи на атомите да се движат без триење, а во такви услови може да се набљудуваат повеќе како браови отколку како честички.

Сепак таквите температури се уште не се постигнати, а тоа треба да се смени на Меѓународната вселенска станица. Вселенската агенција досега никогаш не ја набљудувала таквата состојба во вселената, а на Земјата поради присуството на гравитацијата, тоа било забележливо само во дел од секундата.

Во микрогравитацијата на Вселенската станица, тие атоми ќе можат да ја задржат состојбата на суперфлуид многу подолго, што на научниците ќе им овозможи долготрајно да го анализираат нивното однесување.

„Ако водата во состојба на суперфлуид би ја свртеле во чаша, таа вечно би се вртела. Таа нема вискозност да ја забави и да ја распореди кинетичката енергија. Кога подобро би ја разбирале физиката на суперфлуидите, би можеле да научиме како да ги користиме за ефикасен пренос на енергија“ – вели Анита Сенгупт од JPL лабораторијата.

Пет тимови ќе ги спроведуваат експериментите во лабораторијата, а ќе учествуваат и добитниците на Нобеловата награда за физика од 1995 година, кои први го создале Бозе-Ајнштајнов кондензат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail