НАСА и Хокинг прават нано-брод

vselena-1-630x378.jpg

Американската вселенска агенција и физичарот Стивен Хокинг работат на нов вид на вселенско летало чија брзина ќе изнесува 1/5 од брзината на светлината.

Истражувачите се обидуваат да најдат начин како да го заштитат леталото од космичка радијација, бележи „Индепендент“.

Доколку проектот биде успешен, вселенскиот брод „СтарЧип“ би можел да доспее до нашиот најблизок ѕвезден систем Алфа Кентаур(и) за само 20 години. Но, останува отворено прашањето дали леталото би можело да издржи на толку долг пат.

Од НАСА имаат неколку потенцијални решенија меѓу кои и: вселенскиот брод на својот пат да ги избегне областите со најголем степен на радијација и производство на силициумски чип што сам себе би се поправал.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail