НАСА ја освојува вселената по српски календар

kalendarr.jpg

Српскиот календар бил официјален календар на сите српски држави до 19 век и по него биле напишани сите повелби, закони, одлуки и обврски меѓу луѓето. Денес официјално го користи Српската православна црква и го смета за свој устав, особено што уште во 1119 година во Кодексот го внел свети Сава.

Српскиот народен календар претставува повеќе или помалку непишани правила кои српскиот народ ги почитувал со векови паралелно со црковните правила. Народниот календар се базира на црковниот календар на Српската православна црква, но е и многу различен по тоа што ги менува имињата на празниците, им дава свои специфични обележја, месеците имаат старословенските имиња, а им дава и свое толкување. Броењето на годините и употребата на календарот кај Србите започнала во 5508 г. пр. н. е. и преставува христијанско разбирање на создавање на светот.

Откако постојат Србите се сплотени со природата, така што е неизбежно да ја познаваат и да ги чувствуваат нејзините промени. Затоа Србите имаат еден од најточните календари во светот.
Српскиот календар бил официјален календар на сите српски држави до 19 век и по него се напишани сите повелби, закони, одлуки и обврски меѓу луѓето. Денес официјално го користи Српската православна црква а календарот е нејзиниот Устав.

Календарот датира од периодот на винчанската култура од VI век п.н.е, а најстариот запис на српскиот календар е надгробниот споменик од овој век. Како официјален српски календар го воведува свети Сава во 13 век и се користи до 19 век. До тогаш се датира од него – книги, повелби, закони, надгробни споменици. За ова говори и фактот дека во ѕидовите на Смедеревската тврдина е врежан датумот на изградбата и тоа по српскиот календар.

– На многу споменици и манастири годината на изградба им се дознава од српскиот календар. На пример, споменикот на принцот Лазар го изградил деспотот Стефан Лазаревиќ, најучениот човек во тоа време. Тука пишува дека Косовската битка се одржала во 6897 година, а тоа никако не се вклопува со нашите познавања. Најновите истражувања велат дека во Вујанскио манастир, кој се наоѓа меѓу Чачак и Горњи Милановац, се наоѓа крстот на починатиот патријарх Павле, кој пак е датиран по српскиот календар, вели најдобриот познавач на календарот во Србија, Милан Стеванчевиќ.

Според српскиот календар годината се дели на лето и зима. Летото почнува на Ѓурѓовден, т.е. на 6 мај, а зимата на Митровден, т.е. на 8 ноември. Всушност ова се двата датуми на кои почнуваат двете годишни времиња, што и се поклопува со сончевиот календар кога се менуваат енергиите.

Ова го потврдила и НАСА, која заклучила дека овие два големи празници се поклопуваат со електромагнетните промени на Сонцето.

– Според српскиот календар Сонцето се смета за живо суштество кое пак е божество. Всушност, Сонцето е лице кое му служи на српскиот народ за датирање на многу природни појави, како што е на пример, Преображение, кое се јавува на 19 август, истакнува Ставенчевиќ.

Кога Белградската школа за метеорологија го истражувала хемискиот состав на водата во 2008 година открила дека на 19 август се менува хемискиот состав на дождот. До 19 август има кисела средина, а по 19 август алкална. Прашањето е како српскиот народ тогаш знаел дека на овој датум се менувал и составот на водата, бидејќи на истражувачите им требало магнетни средства, апарати и инструменти за да го откријат овој податок.

Според српскиот календар, годината започнува на почетокот на април и е ускладена со грегоријанскиот, што е заслуга на свети Сава, кој во 13 век ги прифатил римското означување на месеците, за да покаже заедништво со другите христијани.

Додека во Србија за овој величествен календар се молчи, за научни истражувања се заинтересирани Португалија и Индија и американските издавачки куќи и НАСА, која ја потврдила поврзаноста на календарот со природните појави. Според Стеванчевиќ, календарот има голема историска и научна вредност, а копии од него има во музеите и библиотеките во Европа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail