НАСА ќе направи обид да го „допре“ Сонцето

NASA-Reveals-1300-Latest-Unedited-Photos-Of-Jupiter.jpg

Американската вселенска агенција НАСА планира да направи уште еден обид во истражувањето на Сонцето. Во летото следната година научниците ќе испратат сонда од нова генерација, која ќе се приближи на само 6 милиони километри од ѕвездата. Апаратот е со мисија да направи клучни опсервации на соларната активност и да и даде на науката важни податоци за опасните сончеви бури кои влијаат на секој на Земјата.

Сондата „Solar Probe Plus“ ќе мора да преживее при топлина од 1400 степени Целзиусови. Одбраната ќе биде обезбедена од карбонски штит, дебел речиси 12 сантиметри. Ладењето и одржување на инструментите во апаратот ќе се обезбеди и од систем кој ќе обезбедува вода, која постојано ќе циркулира.

Историското патување на „Solar Probe Plus“ е предвидено да биде на крајот на јули 2018 година. Во продолжение на 7 години леталото треба да направи 7 прелетувања крај Венера, за да го најде вистинскиот пристап кон сончевата орбита. Околу Сонцето „Solar Probe Plus“ ќе се доближи на околу 6 милиони километри, 8 пати поблиску од рекордот до овој момент. Додека ја обиколува ѕвездата, сондата ќе лета со брзина над 600 илјади километри на час.

„Solar Probe Plus“ ќе ја истражува сончевата обвивка и ќе собира информации за активноста на ѕвездата. Податоците се од значење за предвидување на опасните сончеви бури кои имаат видливо влијание на Земјата. Освен што директно влијаат на здравјето на човекот, магнетните влијанија се во состојба да уништат сателити, комуникациски системи и навигациски платформи.

Официјално работата на проектот во вредност од 1,5 милијарди долари ќе биде соопштена утре (среда) во текот на специјална прес-конференција во Универзитетот Чикаго, прецизираат од НАСА. Брифингот ќе може да се гледа во живо во доцните попладневни часови на сајтот на агенцијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail