НАСА најави големо откритие надвор од Сончевиот систем

b1702201020.jpg

Американската вселенска агенција НАСА вчера најави дека ќе одржи итна прес конференција по повод новото “значајно откритие надвор од нашиот Сончев систем”, пренесува “Independent”.

НАСА на пресот планира да открие информации поврзани со големо откритие поврзано со егзопланетите, односно планетите кои кружат околу ѕвезди слични на нашето Сонце.

За жал, не се познати никакви други детали околу откритието, па ќе мора да почекаме до утре (22-ри февруари), во 19 часот по наше време за да ги дознаеме новостите.

Научниците вложуваат големи надежи во егзопланетите кога станува збор за пронаоѓање на вонземски живот, а посебно поради тоа што некои од овие планети многу потсеќаат на Земјата, поради што составот, како и позициите во однос на матичната ѕвезда.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail