„НАСА“ потврди: Најблиску сме со Сонцето!

nasa.jpeg

Американската вселенска агенција „НАСА“ потврди дека леталото „Паркер“ се наоѓа поблиску до Сонцето од било кое друго вселенско летало во историјата на човештвото.

Леталото го собори рекордот од 26,6 милиони километри кој што беше поставен во 1976-та година од леталото “Helios-2”.

Сондата ќе продолжи да се приближува кон Сонцето се додека не помине низ надворешната атмосфера за прв пат во текот на идната седмица, минувајќи на 25 милиони километри од соларната површина.

„Паркер“ во текот на идните седум години ќе направи 24 блиски прелети преку Сонцето, а се проценува дека на крајот ќе пристигне на седум милиони километри оддалеченост.

Инаку, идејата на научниците на „НАСА“ за исклучително блиската средба на нивната сонда и Сонцето датира уште од 1958-ма година. Најновата технологија овозможува вселенскиот брод, кој што инаку е во исклучително мали димензии и тежина, да патува со неверојатна брзина и да поднесе екстремни промени на температурата.

Револуционерниот карбонски топлотен штит го заштитува леталото од топење, додека пак во внатрешноста на леталото се користи и вода за ладење.

Проектот вреден 1,5 милијарди долари им овозможува на научниците подобро да ги разберат соларните ветрови и геомагнетните бури кои што може да предизвикаат хаос на Земјата со компромитирање на електричната мрежа.

Леталото „Паркер“ го носи името на познатиот астрофизичар, 91-годишниот Јуџин Паркер кој што го претпоставил постоењето на соларните ветрови, односно на стабилниот, суперсоничен тек на честичките кои што доаѓаат од Сонцето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail