НАСА пред 40 години открила траги на живот на Марс

nasa.jpg

На крајот на 70-тите години од минатиот век на Марс биле испратени два роботи „викинг 1“ и „викинг 2“, кои ја запалиле секоја трага на живот што ја откриле на Црвената Планета.

Целта на мисијата пред 40 години била проучување на почвата на Марс со надеж дека на истата ќе откријат траги од органски молекули, односно јаглерод. Со откривањето на јаглеродот би се докажало дека на Црвената Планета некогаш имало живот.

Се очекувало ова да биде епски успех, но истиот се претворил во дебакл. Иако роверот „кјуриозити“ го потврдил присуството на органски молекули на Марс, ниту еден од роботите не пронашол докази.

Текстот „Планета“, кој на 20 јуни го објавил „Журнал за геофизички истражувања“, ја расветлил мистеријата. Истражувачите на НАСА велат дека јагленот цело време бил на Марс, но роботите го запалиле.

„Вкупно четири примероци биле анализирани во повеќе наврати, така што брзо биле загревани на едно од четирите нивоа на загревање“, навеле истражувачите во Центарот за истражување „Ејмс“ во Калифорнија и Лабораторијата за атмосферата, медиумите и пространото набљудување (LATMOS) во Франција.

Роботите ги загревале примероците што ги собрале од почвата на Марс на максимална температура од 932 степени Целзиусови. Ваквото загревање предизвикало да се ослободат испарливите органски соединенија. Доколку во нив имало јаглерод, истиот би го имало и во пареата. Авторите на новата студија велат дека примероците од почвата би можеле да бидат уништени од нешто што НАСА не го предвидела. Како на пример, хиперзапаливо гориво кое случајно го запалило jаглеродот.

Роверот „феникс 2008“ открил доказ на северниот пол на Марс, необична сол, перхлорат. Ова било исклучително откритие за научниците затоа што е познато дека древните микроорганизми на Земјата користат перхлорат како извор на енергија. Можно е и на Марс да се случувало истото. Но, перхлоратот е запалив до таа мера што на Земјата денеска се употребува главно за правење ракетно гориво и огномет. Ако го има во почвата на Марс, тогаш јасно е што се случило за време на тестовите што ги правеле „викинг 1“ и „викинг 2“. Перхлоратот ги запалил сите органски молекули.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail