НАСА развива робот што ќе бара живот на други планети

nasa.jpg

Во Центарот за вселенски летови ,,Годард” , научен тим предводен од професорката Мелиса Флојд развива нов робот што ќе истражува живот и на други планети .

Tимот на Флојд настојува да направи инструмент што би гледал низ примероци камења и земја и да бара доказ за постоење бактерии или слични икроорганизми што не потекнуваат од Земјата.

,Што доколку животот на Марс се развивал како и на Земјата ? Mарс е бомбардиран со иста ,,вселенска каша”, како и Земјата.”,изјави Флојд.

Главниот предизвик е да се развие робот и протокол што може ефикасно да работи како што работат научниците на Земјата. техниката што се користи е ставање примерок на слајд, третирање на клетките на тој примерок , додавање на молекуларна сонда , што ќе се врзе со одредени делови на ДНК или РНК во клетките , за гревање на примерокот , а потоа и прегледување под микроскоп.

Доколку тимот на професорката Флојд успее во намерата , може роботот да го прати самостојно или како ровер на друга планета или на некоја месечина во нашиот соларен систем.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail