НАСА со план за спречување ерупција на супервулканот Јелоустоун

vulkan.jpg

Кога ќе се спомне Јелоустоун, прво што на повеќето им паѓа на ум е националниот парк, масивна област од скоро 9000 квадратни километри исполнета со планини, реки и шуми. Но, тука се наоѓа и кратерот на Јелоустоун супервулканот, чија ерупција ми можела да биде катастрофална за нашата планета.

Иако таква експлозија не е многу веројатна, научниците од NASA пронашле начин да се осигураме дека вулканот ќе остане неактивен, како и да им овозможи електрицитет на околните места.

Иако и самите признаваат дека овој неверојатно амбициозен план е ризичен, потенцијалните придобивки кои произлегуваат од неговиот успех не можат да се игнорираат.

Прво, надвор од границите на националниот парк, би се дупчело во вулканот во неговата пониска страна, со што би се спречила интензивната топлина од неговата комора да се искачува нагоре, што би можело да создаде проблеми.

Откога дупчењето ќе биде комплетирано, би се пумпала вода под висок притисок во и од супервулканот, со загревање на водата која ќе излегува од него на околу 350 °C. Водата која ќе навлегува во него бавно би го ладела вулканот, додека топлата вода која ќе излегува би се користела за генерирање на електрицитет.

Од Јелоустоун моментално протекуваат околу 6GW во топлина, а со дупчењето тие би можеле да се искористат за креирање на геотермална централа која би произведувала електрична енергија со многу ниска цена.

Покрај ризиците кои доаѓаат со дупчење во вулкан, предлогот на NASA е теоретски – никој не знае со сигурност дали би функционирал, а цената за да тоа се дознае би била околу 3 и пол билиони долари.

Дури и овој систем да е способен ефективно да го лади Јелоустоун според претпоставките на NASA од 1 метар годишно, би поминале илјадници години пред тој да биде комплетно изладен и да се потврди дека процесот засекогаш ја елиминирал заканата од ерупција.

И покрај сите овие варијабли, планот вреди да се разгледа, особено поради фактот дека Јелоустоун е еден од околу 20-те супервулкани на планетата и дека доколку би еруптирал, на Земјата ќе настапи вулканска зима.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail