НАСА успешно ја лансираше ракетата на Спејс Икс со двајца астронаути (Во Живо)

27294263035_66d8dfd4ca_b.jpg

Ракетата на Илон Маск со двајца астронаути, беше успешно лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ова означува нова ера на патувањата во вселената.

Првпат во историјата една приватна компанија испрати ракета со човечки екипаж во вселената. Во капсулата „Дрегон“ се наоѓаат астронаутите Боб Бенкен и Драг Харли. Тие ќе поминат одреден период во Меѓународната вселенска станица. Летот ќе трае 19 часови.

Историскиот лет требаше да се случи на 27 мај, но беше откажан 17 минути пред полетувањето поради лоши временски услови.

Пробајте сами да се прикачите на Меѓунаародната Вселенска Станица

https://iss-sim.spacex.com/

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail