ministerstvo-za-zdravstvo.jpg

Министерството за здравство најавува непопуларни и доста дискутабилни мерки со кои ќе настојува да го спречи заминувањето на медицински сестри на работа во Германија. Ќе побара од германското Министерство за здравство, на работниците од Македонија да им овозможува само привремена работна дозвола, а не и можност за иселување, пренесува Телевизија Алсат.

Инаку, веќе неколку години од Македонија постои голем одлив на медицински кадар претежно во Германија. Причина се ниските плати во земјава и лошите услови за работа, а многу експерти веќе алармираат дека Македонија за само неколку години може да се најде во тешка состојба откако низ јавните здравствени установи ќе се појави сериозен недостиг на медицински персонал.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail