Наскоро антибиотиците нема да делуваат – се појавуваат супербактерии

psicotropicos1.jpg

Резултатите од најновото истражување покажуваат дека употребата на антибиотици треба под итно да се стави под строга контрола, пред овој вид на терапија да престане да делува, пишува „Индепендент“ .

Во соопштението кое на британската влада и го испрати Џим О Нил, економист и бивши директор на компанијата Goldman Sachs Asset Managemet, се наведува дека брзината со која расте отпорноста на антибиотици е толку застрашувачка, што наскоро за пациентите би станале недостапни бројни медицински третмани.

Доколку итно нешто не се преземе, експертите предвидуваат дека резистентните инфекции до 2050 година би можеле да носат до 10 милиони животи годишно – повеќе отколку што денес умираат од канцер.

Научниците претпоставуваат дека причината за наглиот пораст на резистентни инфекции се крие во претераната и неконтролирана употреба на антибиотици и третмани против габички, кои се пропишуваат за лекување на безопасни состојби како што се обичните настинки.

Ситуацијата дополнително ја влошува фактот што само во Велика Британија 45% од вкупната количина на потрошени антибиотици се всушност антибиотици кои им се даваат на стоката.

Отпорноста на бактериите на лекови, која во меѓувреме се разви, значи дека поедини соеви бактерии стануваат отпорни на сите познати видови антибиотици, а поедини медицински состојби стануваат неизлечиви.

Според тврдењата на регулаторното тело Најс, во Британија годишно се пропишуваат околу 40 милиони антибиотици, од кои барем една четвртина се пропишуваат без потреба.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail