Наскоро лек кој ги убива сите тумори

stenford.jpg

Научниците од медицинскиот факултет при Универзитетот Стенфорд тврдат дека тие се многу близу до пронаоѓање лек кој ги убива сите тумори во телото.

Предводникот на истражувањето кое е објавено во списанието „Science Translational Medicine“ е професорот по онкологија, Роналд Леви. Тој е пионер во областа на имунотерапијата кај лицата заболени од рак, а неговата лабораторија ја разви хемотерапијата „rituximab“.

Лекот кој го развиле на Стенфорд е комбинација од два веќе постоечки лекови. Тој претставува уникатен тип на имунотерапија бидејќи реактивира специфични Т-клетки преку инјектирање микрограмски количини од два агенса директно во туморот.

“Напредокот во имунотерапијата ја менува медицинската пракса. Овој лек кај глувците покажа неверојатни ефекти и ги отстрани сите тумори што ги имаа “, потврди Леви. Комбинацијата на активни состојки во една инјекција го активира имунолошкиот систем за борба против туморот.

Дури 90 проценти од сите тестирани глувци биле излекувани по една инекција, додека останатите 10 проценти биле излекувани, по втората инекција. Научниот тим на Леви вели дека инекцијата делувала и кај глувците кај кои туморот метастазирал низ телото.

Тој додава дека новиот лек не предизвикува несакани ефекти кај пациентите кои инаку често се појавуваат при други видови на имунолошки симулации, и дека овој лек ќе биде финансиски поекономичен од другите третмани. Тие сметаат дека проблемот со претходните видови на лекови е тоа што е потребно многу време за нивна подготовка, им се даваат на пациентите долг период и имаат страшни несакани ефекти.

Во клиничкото испитување, научниците планираат да вклучат вкупно 15 пациенти кои боледуваат од лимфома. Ако тестот е успешен, Леви се надева дека ќе може да се користи кај неколку видови на тумори, и дека со текот на времето, пациентите ќе примаат инекции и пред операцијата за да се спречи повторувањето на туморите.

“Мислам дека со овој лек во иднина ќе можеме да ги излечиме сите видови тумори”, заклучи Леви.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top