Наскоро летачки таксија во Нов Зеланд?

ze.jpg

Во април 2017, компанијата Kitty Hawk поддржана од ко-основачот на Google, Лари Пејџ, ја објави првата снимка од нивниот прототип на летечко такси во акција.

Сега, тие врз Нов Зеланд прават скриени летечки тестови на летечкиот автомобил чиј прототип и официјално го прикажаа, заедно со официјалните снимки од тестовите.

Она што е познато е дека возилото ќе биде комплетно електрично и оптимизирано за пократки меѓуградски летови, а ќе има домет од 100km и максимална брзина од околу 150км/ч. За полетување и слетување нема да му треба писта бидејќи тоа ќе може да го прави вертикално, а исто така ќе биде и автономни.

Компанијата го нарекува Cora, а моментално е во преговори со владата на Нов Зеланд за комерцијализирање на летечките таксија.

Секако, Kitty Hawk не е единствената компанија со намера такси услугата да ја премести на небото – Uber исто така од 2016 развиваат летечка верзија на нивниот сервис која е наречена Uber Elevate.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top