Наскоро стигнува вакцина против вирусот зика

virus.jpg

Истражувачите на Медицинскиот факултет „Бејлор“ во Хјустон ја почнаа втората фаза на клинички истражувања на новата вакцина против вирусот зика, а резултатите треба да ги добијат кон крајот на оваа година.

Ендрју Пекош, професор по микробиологија и имунологија на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, смета дека вакцината има голем потенцијал да спречи појава на болеста, а задоволен е и со брзината со која се одвиваат клиничките истражувања.

Втората фаза на истражувањето ќе се одвива во две етапи. Во првата, научниците ќе вакцинираат 90 здрави доброволци, за да одредат оптимална доза и место на вбризгување. Во втората етапа, 2.400 здрави доброволци кои живеат во области каде ризикот од заразата е најголем (Порторико, Бразил, Перу и САД), ќе добијат вакцини или плацебо, а научниците потоа ќе ги следат во тек на две години, за да ја споредат зачестеноста на инфекцијата кај експерименталните и контролните групи.

Потоа ќе преминат на третата фаза.

Иако вниманието на јавноста, кога се работи за вирусот зика, се намалува, болеста и натаму е сериозна закана по јавното здравје. Примарно се пренесува со каснување од комарец, но утврдено е и дека се пренесува и сексуално.

Бремените жени кои го имаат вирусот, можат да родат деца со микроцефалис, сериозен дефект кој се поврзува со доживотни проблеми со учењето и развојни пореметувања.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail