Наскоро во продажба првиот лек за аутизам

autizam.jpg

Швајцарската фармацевтска компанија “Roche” објави напис во кој пишува дека американската агенција за храна и лекови (FDA) и ја одобрува повластената постапка за лекот “Баловаптан”. Имено, овој лек е наменет за лекување на аутизам. Оваа постапка, која ја доби “Roche”, би можела да го забрза развојот на тој лек и целото негово пуштање во употреба.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Овој брз статус кој инаку овозможува и забрзана постапка за одобрување е оној кој е нужен во прелиминарните истражувања, бидејќи претставува доста значаен чекор напред во однос на досегашните терапевтски опции кај сериозните заболувања.

Лекот “Баловаптан”, кој е во можност да ја подобри социјалната интеракција и комуникацијата кај луѓето со аутизам, го развива истражувачката единица на “Roche” во Швајцарија и се очекува дека ќе поднесе барање за одобрување после 2020 година.

Првиот познат случај на аутизам е опишан во 18 век, кога немаше вакцини или додатоци во исхраната, на кои нестручната јавност во последно време им ја препишува ваквата појава. Низ историјата за аутизмот се бараше причината во генетиката, “емоционално студените” мајки и така натаму.

Во минатото, безуспешно се применувала терапија со разни лекови, а во поново време, некои родители, понесени од трендовите на интернет дури им давале разредена киселина на сопствените деца за да предизвикаат поголема активност на дебелото црево, бидејќи сметале дека имаат глисти. Во кратки црти, кога и да се појавувале нови интернет домашни лекови, децата поминувале низ вистинска агонија поради наивноста и очајот на нивните родители. Она што го смени начинот на однесување е денешното рано дијагностицирање и разбирање на аутизмот.

За аутизмот во САД не постои стандарден одобрен лек за основните симптоми како потешкотии во друштвените интеракции, предизвиците во комуникацијата со другите и тенденцијата за повторување на исти обрасци на однесување.

Компанијата “Roche” наведува дека споменатиот “Баловаптан” со сигурност ја подобрува социјалната интеракција и комуникација кај луѓето кои се соочуваат со аутизам.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top