Наскоро засекогаш ќе останеме без банани, а решението нема да ви се допадне

banani.jpg

Светската наука неодамна се соочила со проблем на габа која предизвикува панамска болест. Таа ги напаѓа плантажите на банани секаде низ светот, заканувајќи се дека целосно ќе го уништи ова овошје.

До сега тоа е забележано на територијата на Австралија, Југоисточна Азија, делови во Африка и Блискиот исток, па затоа стручните лица размислуваат да направат генетски модифициран вид на банани, кој што ќе биде отпорен на болеста.

Новите растителни видови ќе треба да се пронајдат пред болеста да се прошири во Латинска Америка, од каде што најголем дел од бананите се извезуваат на светскиот пазар, во вредност од околу 30 милијарди долари годишно.

Сегашниот вид се нарекува Кевендиш и тој формира 99.9% од глобалната трговија со банани. Овој вид ја заменува вкусната варијанта која била отстранета од 50-тите години од минатит век, пишува британскиот портал „The Guardian“.

„Ако се погледне големата потрошувачка на извоз, индустријата со банани вреди 30 милијарди долари годишно. Меѓутоа, луѓето стануваат сè по загрижени затоа што габата многу брзо се размножува, што значи дека ако болеста може да убие едно дрво, потенцијално може да ја убие и цела индустрија“, вели Гилад Герншо, извршен директор на компанијата „Tropic Biosciences“ кој се обидува преку генетско модифицирање да го реши проблемот.

Од компанијата најавуваат дека прелиминарните резултати од истражувањето се ветувачки и дека тестирањето ќе започне во Централна Америка, Филипините и во Турција, во текот на следната година.

„Не се работи само за отпорот на болеста, туку и за олеснување на теретот на животната средина. Новиот вид би требало да троши помалку фунгициди и да има поголеми придонеси. Тестовите покажаа дека овошјето добро ги поднесува условите во вистинскиот свет и дека тие претставуваат дополнителна предност за одгледувачите“, додава Герншо.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail