Настан “Pitch Please” – 3та година организиран од AIESEC Македонија

Pitch-Please.jpg

Настан "Pitch Please" - 3та година организиран од AIESEC Македонија

Невработеноста кај младите  (39.14% во 2019, 9та највисока во светот според Светската Банка), недоволното искуство, недоволните можности, изливот на млади таленти, како и неурамнотеженоста на очекувањата на компаниите и младите претставуваат едни од најголеми проблеми во нашето општество.  Ова резултира во спор развој, нееднакви работни места и низок животен стандард. 

Со создавање на платформа за младите на која ќе може да се претстават себеси и своите мислења пред компаниите, AIESEC Македонија гледа можност за влијаење на овој предизвик.

Веќе 3 години по ред, Pitch Please е успешно организиран од страна на AIESEC Скопје. 
Pitch Please е проект кој директно придонесува до имплементирање на Целите за Одржлив Развој на Обединетите Нации и овој проект е конкретно заснован на 8мата Цел за Одржлив Развој – Достојна Работа и Економски Развој. Настанот годинава ќе биде онлајн и бесплатен овозможувајќи им пристап на студентите од сите делови на државата!

Главната идеја на Pitch Please е да служи како платформа за развој на меките вештини кај младите, како и да го спознаат концептот на “speed pitching”. Концептот на настанот е заснован врз претставување на компаниите, интеракција помеѓу нив и младите, каде што искуствата на студентите и претставниците од бизнис секторот би биле споделени на еден неформален начин. 


Преку ова, ние веруваме дека градиме една компетентна млада работна сила со можност за одење на пракса или директно вработување, во компанијата која тие ја сакаат.

Настанот ќе се одржува на 5ти и 6ти ноември 2020 година на платформата за видео комуникација Zoom и Hangouts.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail