Настани што се случиле, а звучат толку нестварно

20161211-nastani-shto-se-sluchile-a-zvuchat-nestvarno-m.jpg

Светот е полн со неверојатни случки од кои сите остануваат без збор. Математички, тешко е да се пресмета колку мали се шансите да се случат некои од овие настани, а науката за нив нема објаснување.
Меѓутоа, овие неверојатни  настани навистина се случиле и за нив нема објаснување..

Човек двапати спасил дечиња кои паѓале од прозорец

Првиот пат во 1937 година една мајка го држела своето бебе во прегратка и гледала низ прозорец на четирикатница во Детроит кога случајно бебето ѝ паднало од рацете.

За среќа во истото време на тротоарот се нашол човек со име Џозеф. Тој бил локален чистач на улиците и во моментот додека чистел пред зградата врз главата му паднало детенцето. За среќа успеал да го дофати. Бебето преживеало, а Џозеф се здобил со лесни повреди.

Една година подоцна мајката на двегодишниот Дејвид Томас не внимавала доволно па малиот Дејвид паднал низ позорецот. Неверојатно, но токму Џозеф во истиот момент чистел пред зградата. Среќна околност била што преживале и тој и детето. Колкави се шансите да се биде двапати по ред на вистинското место во вистинското време?

Но, исто така, колкави се шансите две мајки да биле толку неодговорни за децата да им паднат низ прозорец?

Левораки претседатели

Само 10% од Американците се левораки. Имајќи го предвид овој факт би требало истиот размер да важи и за американските претседатели.

Но, од последните 14 претседатели повеќе од половината биле левораки. Од последните седум, дури петмина доминантно се служеле со левата рака. Во последните 20 години, речиси секој претседател бил леворак.

Ова е неверојатна статистика, а треба да се нагласи дека во 18 и 19 век употребата на левата рака се сметала за хендикеп, а левораките деца биле присилувани да се служат со десната рака.

Важно е да се викаш Хју Вилијамс

Во бродоломот што се случил во близина на англискиот брег во 1660 година преживеал само еден човек кој се викал Хју Вилијамс. На истото подрачје и во 1667 година се случил бродолом со многу жртви, а единствениот преживеан исто така се викал Хју Вилијамс. Во бродоломот на Темза од 1820 година повторно преживеал само еден човек. Неговото име било Хју Вилијамс. Уште еден брод потонал во истиот регион за време на војната во 1940 година. Бродоломот го преживеале двајца. Едниот се викал Хју Вилијамс, а вториот бил неговиот внук кој го добил своето име според него – Хју Вилијамс.

Кенеди и Линколн

Америка имаше двајца претседатели кои беа сакани од сите – Абрахам Линколн и Џон Ф. Кенеди. Но, тоа не е единствената сличност меѓу нив. Линколн е избран во конгресот во 1846, а Кенеди точно еден век подоцна во 1946 година. Линколн изборите ги доби во 1860 година, а инаугуриран е во 1861, додека Кенеди победи во 1960, а неговата инаугурација е одржана во 1961 година.

И двајцата беа убиени со куршум во главата пред своите сопруги, и двајцата се убиени во петок.

Автори на PC игра ја предвиделе иднината

Кога во 2000 година ја создаваа играта Deux Ex, авторите заборавиле да ги додадат кулите близначки во Њујорк. Кога играта била пуштена во промет било невозможно дополнително да се додадат зградите па затоа направиле сценарио дека кулите настрадале во терористички напад. Само една година подоцна тоа навистина се случило…

Истиот таксист убил близнаци во две засебни несреќи

Еден човек возел мопед во градот Хамилтон кога на него налетало такси возило и го усмртило на самото место. Се работи за истиот таксист со истото возило со кое во несреќен случај го усмртил неговиот брат-близнак година дена претходно.

Братот го возел истиот мопед, на истата улица. Кога загинал првиот брат, вториот година дена подоцна го поправил мопедот и заминал на пробно возење. Тогаш на него налетал истиот таксист…

Џејмс Дин имал проколнат автомобил

Холивудскиот актер Џејмс Дин кој го нарекуваа „бунтовник без причина“, почина во 1955 година во автомобилска несреќа. По несреќата автомобилот Порше бил префрлен во гаража. На механичарот кој го поправал му паднал моторот и му ги згмечил нозете. Години подоцна истиот мотор бил вграден во тркачки автомобил. Возачот на тој автомобил недолго потоа загинал.
После тоа автомобилот го купил нов возач кој исто така загинал во сообраќајна несреќа. Неколку години подоцна поршето страдало во пожар што ја зафатил гаражата каде што било паркирано. По санирањето го префрлиле во изложбен салон во Сакраменто. За несреќа автомобилот се излизгал од основата каде што бил изложен, при што му го скршил колкот на некој тинејџер.
Интересно е што на крај во 1960 година, автомобилот бил изложен на изложба посветена на безбедноста во сообраќајот. Кога завршила изложбата автомобилот бил натоварен на камион што требал да го транспортира до Лос Анџелес, но во текот на патувањето автомобилот мистериозно исчезнал и до денес не се знае каде завршил.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail