Настап на студенти од ФМУ – Скопје, на 44–тата Меѓународна научна конференција и педесетата летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид

28323_300617155127133.jpg

На 17-ти и 18 – ти јуни во Охрид, се одржа 44–тата Меѓународна научна конференција и педесетата Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Свој допринес во збогатување на уметничкиот дел од овој настан дадоа и студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје, со свои настапи во пијано придружба на Андреј Наунов. Настанот се одржа во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail