Наставата на УКЛО се одвива преку Интернет

uklo.jpg

Универзитетот „Св. Климент Охриски“ – Битола премина на on line одржување на наставата. Ректорскиот колегиум изготви препорака сите наставници  предавањата да ги одржуваат преку Интернет. УКЛО понуди и платформи за кои има сопствена сметка, сѐ со цел студентите да бидат активни и од дома, нивното време да биде исполнето со извршување на активности за исполнување на задачи од семестарот.

Универзитетот преку своите единици  и Ректоратот има организирани служби кои се достапни како online така и преку телефон и истите се објавени и на веб страниците и нивното ажурирање е навремено, соодветно на новите насоки и препораки од надлежните органи.

УКЛО паралелно презеде мерки за засилена хигиена во сите објекти на Универзитетот и единиците. Седниците и состаноците кои ги организира Универзитетот меѓу кои Ректорскиот Колегиум, Ректорската Управа и Сенатот ќе се одржуваат електронски, па така веќе следниот состанок на ректорскиот колегиум ќе се одржува online.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail