SHtrajk-Hrvatska-702x336.jpg

Вчера во основните и средните училишта во Хрватска започна генерален штрајк. Денеска штрајкуваат сите училишта, додека од утре, секој ден, вработените ќе штрајкуваат во различни општини.

„Со истрајност и единство во спроведување на штрајкот ќе и порачаме на Владата на Република Хрватска дека не се согласуваме со трошки. Со овој штрајк го чуваме достоинството и го враќаме дигнитетот на струката која, и со ваквите срамни понуди на владата, се настојува уште повеќе да се деградира“, стои во објавата на синдикатите, пренесува Н1.

Синдикатите решиле да стапат во штрајк откако вчера пропаднал обидот за договор со Владата, откако го одбиле владиниот предлог за покачување на коефициентите за 2 проценти од први октомври и уште 2 проценти од први јуни 2020 година.

иѕвор: радиомоф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail