gana.jpg

Наставник од Гана, Саки Перси, стана популарен на социјалните мрежи по објавувањето на видео-снимка за тоа како тој игра со своите ученици. Тој вели дека се обидува да го направи учењето забавно, така што децата можат да совладаат различни теми и да градат самодоверба.

Перси, исто така, е пејач, текстописец и танчер. Тој вели дека бил шокиран колку луѓе го гледале неговото видео.

„На почетокот, луѓето ме се  јавуваа, луѓе кои никогаш претходно не сум ги запознал. Тие ме викаат таму и оваму, видеото беше видено од 10.000 луѓе за десет дена, па бев шокиран и имам преку 600 коментари. Имав само 23 следачи, сега имам околу 4.000″, изјави тој.

Перси работи во областа позната по земјоделството, и како што вели, често се случува родителите едноставно да ги извлечат децата од училиште за да работат на нива.

Тој, исто така, забележал дека децата со нивните наставници речиси и да не комуницираат и оти им недостасува самодоверба, па затоа решил да проба нов метод.

„Решив да пробам со танцот, за да има поголема интеракција помеѓу наставниците и децата, а исто така да го направам училиштето попривлечно за децата за да не го пропуштат”, рече тој.

Перси вели дека другите училишта, па дури и родителите во другите населби, ги користат неговите снимки за да ги учат своите деца.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail