Наставниот кадар на ФДЕИОН при УАКС презентираше коавторски труд на конференција на Лондонската школа за економија

20170407_144010-1.jpg

Во периодот од 6-7 април 2017 година, УАКС беше коорганизатор на 3-та конференција на Лондонската школа за економија, ЛСЕЕ – Истражување за Југоисточна Европа насловена „Социјална кохезија во земјите од Југоисточна Европа“. Конференцијата се одржа во хотелот Холидеј ин во Скопје.

На истоимената конференција, наставниот кадар на УАКС: вон. проф. д-р Марјан Петрески, проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски и проф. д-р Марјан Бојаџиев го презентираа својот коавторски труд со наслов „Опстанок на младите на пазарот на трудот: Докази од три економии во транзиција“.

Трудот ќе се објави наскоро во реномираното списание со импакт фактор „Преглед на економските односи и односите на работната сила“ (The Economic and Labor Relations Review).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail