krusevo-e1543479307386.png

Светскиот сервис „National Geographic“ ја вброи Македонија како една од 28 дестинации што треба да се посетат во идната, 2019 година.

„Без разлика дали ќе стават „Северна” пред името на нивната земја, неодамнешните вести за долготрајниот спор со Грција го подигнаа реномето на малата балканска нација. Опкружена од Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија, Македонија можеби нема морски брег, но е богата со планини и езера. Големите врвови, длабоките клисури и водопади ги оплеменуваат трите национални паркови на земјата: Галичица, Маврово и Пелистер.

Вистинската убавина е кајакарењето во Охридското Езеро – едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа и полетувањето над Пелагониската долина од македонскиот параглајдерски центар и највисокиот град Крушево, на надморска висина од 4.429 стапки“, стои во описот за Македонија, на листата највозбудливи дестинации за 2019 година.

Целата листа со предлог-дестинации може да ја видите ОВДЕ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail