Натпревар по Хакатон на Штипскиот Факултет за информатика

natprevar.jpg

Факултетот за информатика при универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип по вторпат е организатор на натпреварот по Хакатон, а во кој учествуваат студенти, но и средношколци од неколку училишта во земјава.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Натпреварувачите имаат за задача да понудат иновации во делот на здравство, за да им се помогне на болните и изнемоштени лица. Деканот на Факултетот за информатика при УГД-Штип, Цвета Мартиновска – Банде вели дека целта е да кај учесниците да се поттикне иновативноста и тимската работа.

– Станува збор за компјутерски апликации, дозволено е да се користат и сензори, мерачи да речеме на шеќер, или мерачи на притисок. ЕКГ и итн, вели Мартиновска-Бенде.

Студентката на Факултетот за информатика, Симона Атанасова вели дека натреварот ќе им помогне да го применат стекнато знаење во делот на програмирањето.

– Јас и некои мои колеги учествуваме на минатиот Хакатон и изработивме апликација се што е поврзано со студентскиот живот, вели Атанасова.

Во натпреварот учествуваат седум тимови, од кои три се од студенти на Факултетот за информатика, а останатите се од средните општински училишта од Кочани, Штип, Крива Паланка и од Кавадарци. Штипскиот универзитет обезбеди и парични награди за најдобрите иновации, од кои првата за студентската апликација наградата е во износ од 50.000 денари, за средношколскиот тим 20.000 денари и третата награда е 5.000 денари. Хакатонот завршува утре, кога ќе бидат и прогласени победниците.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top