OCD.jpg

Апликација за „дресирање на мозокот“ направија научници од Универзитетот Кембриџ со цел да им помогнат на луѓето кои страдаат од опсесивно компулсивно нарушување. Симптомите на ова пореметување вклучуваат претерано миење раце, страв од загадување, анксиозност, репетитивно извршување некоие работи секојдневно за чувство на поголема сигурност итн.

Но, само по една недела тренинг со оваа апликација може да резултира со значително подобрување, вели истражувачкиот тим од Кембриџ. Една од најчестите форми на опсесивно компулсивно нарушување, застапена кај дури 46% од луѓето со ваков проблем, е страв од загадување, труење и претерано миење на рацете. Претераното миење може да биде штетно затоа што луѓето некогаш користат киселини, па дури и варикина за да си ги измијат рацете.

Тие велат дека ова пореметување може да им го наруши нивниот живот, односите со другите луѓе и способноста да работат. Репетитивните активности се сметаат за знак за неспособност да се прилагодат на нови ситуации или нови правила. .

Решението е да се прекине текот на компулсивните навики за пациентите да можат да прават други активности. Ова нарушување најчесто се третира со медикаменти и когнитивно-бихејвиорална терапија, но 40% од пациентите не покажуваат позитивни резултати од овие третмани.

Истражувачите од Кембриџ тврдат дека тоа е така затоа што луѓето со ваков проблем со години го имале проблемот пред да почнат со третирање. Нивниот третман се врши преку апликација за телефон. Се состои од видеа на кои пациентите се гледаат себеси како опсесивно ги мијат рацете или допираат некои наводно валкани површини. Во истражувањето учествувале 93 здрави луѓе со страв од контаминација за да се покаже дека иновативниот третман нема да ја влоши состојбата кај пациентите со опсесивно компулсивно нарушување.

Учесниците биле поделени во три групи. Првата група гледале видеа од себеси како ги мијат рацете, втората гледале видеа на кои допираат наводно валкани површини, а третата гледале неутрални видеа на кои прават некои движења на телефон.По само една недела гледање видеа од 30 секунди четири пати дневно учесниците од првата и од втората група имале намалени симптоми на опсесивно компулсивно однесување и поголема когнитивна флексибилност отколку третата група.

Учесниците рекле дека гледањето видеа на кои ги мијат рацете помогнало да одолеат на потребата навистина да ги измијат рацете кога се возат во автобус или допираат некои други јавни површини. Апликацијата моментално не е готова за комерцијална употреба затоа што тимот од Кембриџ ќе прави дополнителни испитувања за да утврдат дека навистина е ефективна кај пациенти со опсесивно компулсивно нарушување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail