Научници ја откриле тајната на долговечноста

ami-braun-1-696x391.jpeg

Меѓународна група научници разјасни дека акумулацијата на мутации во протеинот p62, поврзан со заштитата против стресот, придонесува за поголем животен век кај луѓето, отколку кај животните.

Кај луѓето, протеинот p62 е потребен за процесот автофагија, при што оштетените состојки на клетката се исфрлат од неа. Ова е неопходно за обновување на ткивата и спречување на предвремено стареење.

Истражувачите откриле дека p62 бил активиран во формирањето на т.н. активни форми на кислород – соединенија кои вклучуваат непарни електрони. Активните форми на кислородот се нуспроизводи од дишењето и други процеси поврзани со серија оксидативно-ресторативно реакции со учество на кислородот. Иако може да се користат за пренос на метаболички сигнал, нивното прекумерно формирање предизвикува оксидирачки стрес, кој може да доведе до пропаст на клетката.

Експериментите покажале дека геномодифицирани овошни мушички, кај кои бил внесен генот p62, живееле подолго во услови на стрес во споредба со нивни посестрими во природата. Ова покажува дека протеинот придонел за продолжување на животот на нашите предци, зголемувајчи го нивниот отпор во неповолна средина.

Резултатите од истражувањето се објавени на страницата Phys.org.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top