Научници направија батерија која се напојува со енергија од човечкото тело

biosuperkondenzator.jpg

Тим од научници од универзитетот UCLA од САД и од Универзитетот Конектикат осмислија батерија која се напојува со електрична енергија од човечкото тело. Станува збор за биолошки суперкондензатор кој користи набиени честички, јони, од течностите во човечкото тело. Електричните импулси кои природно се наоѓаат во телото ја напојуваат батеријата.

Како што велат научниците, уредот не е опасен за телото, а има потенцијална примена кај пејсмејкери и други импланти кои имаат потреба од струја. Биолошкиот суперкондензатор би работел во пар со уреди за претворање на топлината и движењата на луѓето во електрична енергија.

„Спојувањето на двата уреди може да произведе неограничена количина енергија за доживотно функционирање на вградените медицински помагала“ велат авторите на студијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail