Научници од МИТ направија тестенини кои целосно ја менуваат формата кога ќе се потопат во вод

shape-shifting-pasta1-e1495985015433.jpg

Научници од МИТ дојдода до едно навистина неверојатно откритие кое ќе направи пресвртница во начинот на кој се капуваат тестенините – развија тестенини кои имаат обична, рамна форма кога се суви, а кога ќе се потопат во овда веднаш стануваат тридимензионални.

Овие „програмирани“ тестенини имаат желатин измешан во скробот. Желатинот се проширува кога ќе апсорбира вода, па тоа на научниците им отвора можности за манипулација со храната.

shape shifting pastaГлавниот бенефит на оваа иновација е огромната заштеда на амбалажи и трошоци за траснпорт. Бидејќи новите тестените сите имаат иста плосната рамна форма, заземаат помалку простор напрема тестенините со различни фомри.

„Според нашите пресметки, дури и да се идеално спакувани тестенините кои имаат различна искривена форма, сепак, дури 67% од пакувањето е исполнето со воздух. Мислевме дека можеби во иднина храната која менува форма кога е зготвена ќе заштеди на многу простор“ вели еден од истражувачите. shape shifting pasta2

Истражувачите можат да ја контролираат формата која ќе ја добијат тестенините по наводенувањето на неколку начини. Тие можат да направат едноставна форма на половина алка со два слоја желатин – горниот слој е подебел и апросбира повеќе вода, па се превиткува преку потенкиот дел. За други нерегуларни форми тимот печатеи тенки 3Д ленти со различни шеми на слојот со желатин и тие ленти потоа дејствуваат како бариера за апсорпција на вода.

Еве как изгледа таа трансформација.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail