Научници од Виена пронајдоа микропластика во човечко тело

microplastic-e1540369088785.jpg

Научници од Медицинскиот универзитет вo Виена во рамките на гастроентеролошки конгрес одржан деновиве во Виена ги претставија резултатите од своето најново истражување. Тие потврдуваа дека микропластиката завршува во човечкиот организам, односно во цревата и изметот.

Во истражувањето биле вклучени пет жени и тројца мажи на вораст од 33 до 65 години од Финска, Холандија, Велика Британија, Италија, Полска, Русија, Јапонија и Австрија.

Тие една недела воделе дневник на исхраната, а по завршувањето на истражувањето на научниците им предале примероци од изметот. Сите испитаници консумирале храна пакувана во пластика, риба и морски плдови и кај сите осууммина е констатирано присуство на микропластика во изметот – во просек 20 честички микропластика во 10 грама.

Пластиката е сеприсутна, а порастот на производството на пластика во светот континуирано трае од 70-тите години на 20-тиот век до денес. Додека производството на пластика во 1950 година изнесувало 1,5 мегатони годишно, во 2015 година таа количина се зголеми на неверојатни 400 мегатони.

Одамна е познато дека пластиката од морињата и океаните преку морските плодови и рибата доаѓа во храната, но микропластиката во прехранбениот синџир доаѓа и на други начини затоа што е присутна при бербата, производството и пакувањето на прехранбените производи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail