Научници откриле опасни супстанции во медот

med.jpg

Научници откриле пестици во мед што може да им наштети на пчелите и на луѓето. Резултатите од нивното истражување се објавени во списанието „Science“.

Експертите на чело со доктор Едвард Мичел од швајцарскиот универзитет во Нушател тестирале 198 вида мед од сите континенти за присуството на пестициди.

Тие откриле дека 75% од тестираните примероци имале барем еден тип на неоникоиноид (вид инсектициди). Над две петтини од примероците содржат два или повеќе видови хемикалии, околу 10% – четири или пет.

Добиените податоци се „алармантни“ и „отрезнувачки“ и може да се сметаат за закана за животната средина, алармираат истражувачите.

Тие нагласуваат дека во повеќето случаи количината на пестициди во медот не го надминало нивото, при кое консумацијата на овој производ станува опасност. Но имало и исклучоци, особено во примероците кои доаѓаат од Германија и Полска.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail