Научници прават „паметна куќа“ што ќе го следи здравјето на луѓето

pametna-kuca.jpg

Американски научници од Универзитетот во Канзас го развиваат проектот за куќа опремена со сензори наменети за собирање биометриски податоци за луѓето кои живеат внатре.

Централен систем ќе ги собира овие податоци и со помош на алгоритам ќе им укажува на станарите на куата за можни промени во здравствената состојба и здравствените ризици на кои се изложени, објаснуваат научниците.

Со помош на сензори, куќата ќе го следи движењето на станарите, ќе го мери времето колку се отсутни од дома, бројот на одења во веце и времетрањето на спиење.

Научниците ќе користат исклучително чувствителни сензори што може автоматски да испратат предупредување во случај на пад или да предупредат на можно појавување на Алцхајмерова болест ако откријат промени во движењето кај постари лица.

Планирано е куќата да биде опремена со т.н. паметни огледала што ќе можат да идентификуваат нови бемки, лезии, дамки или знаци на последици од незабележан мозочен удар.

Се очекува резултатите за проектот да бидат претставени на стручна конференција во јуни.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail