Научници претворија атом во микро „хард-диск“

atomi.jpg

Научници од една водечка компанија во областа на високата технологија создадоа уред за складирање информации од еден атом, пишува бугарскиот портал „24 часа“.

Физичарите го магнетизирале атомот, го оладиле со течен хелиум и го изолирале во вакуум. Така во атомот се зачувал еден бит информација.

Тоа веројатно значи дека наскоро хард-дисковите ќе бидат во големина на еден нокт. Ова откритие е своевидна револуција во областа на нанотехнологијата.

На сегашните хард-дискови за еден бит меморија им се потребни околу 100.000 атоми.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail