Научници случајно ја откриле првата флуоресцентна жаба

zaba.jpg

Првата флуоресцентна жаба е откриена во басенот на Амазон во Аргентина. Научниците од музејот на природна наука “Бернардино Ривадавија”, истражувајќи го пигментот на шумските гаталинки, откриле нешто сосема случајно. Имено, под нормално светло, оваа жаба е прошарана со зелена и беж боја со црвени точки, но под УВ зраци, жабата свети во флуоресцентно зелена боја. Оваа појава е исклучително ретка за копнените животни.

Истражувачите утврдиле дека жабата свети во зависност од јачината на светлото – нејзиниот флуоресцентен отсјај варира помеѓу 19 и 29% јачина. Своите откритија, научниците ги објавиле во листата на процеси, “Proceedings of the National Academy of Sciences”.

“Овoj феномен е многу поразличен од останатите флуорофори. Нашите откритија отвораат можности и другите водоземци да бидат флуоресцентни, посебно оние со тенка кожа како овој вид на жаби” – истакнува Марија Габриела Лагорија, фотохемичарка од универзитетот во Буенос Ариес.

Во разговор за списанието “Nature”, научниците кои ја откриле оваа флуоресцентна жаба изразиле надеж дека ова откритие ќе ги поттикне другите да продолжат да го истражуваат овој феномен.

Тие им порачуваат на научниците да не одат на терен без УВ ламби.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail