Научници создале капки за очи кои го подобруваат видот

son.jpg

Научници од универзитет за нанотехнологија во Тел Авив, тврдат дека создале капки за очи кои можат да го поправат оштетувањето на очите и трајно да го подобрат видот кај луѓето.

Израелски научници тврдат дека е во прашање револуционерно откритие, кое ќе им помогне на лица кои имаат проблеми со оштетување на очите.

Тим на научници, тестирале нов производ на домашни животни кои имале проблеми со видот.

„Производот го тестиравме на свињи кои имаат оштетен вид и се покажа како потполно ефикасно, бидејќи беа излечени сите симптоми на болести на очите кои ги имале животните кои беа тестирани“, вели авторот на истражувањето.

Новиот револуционерен производ се уште не е тестиран на луѓе, но тимот на научници кои стојат зад овој производ, тврдат дека првите рани тестирања на луѓе ќе започнат кон крајот на оваа година.

„Сметаме дека новиот производ во потполност ќе ги излечи проблемите со видот кај луѓето и во иднина нема да има потреба за диоптриски очила“, тврди тимот на научници.

Овој револуционерен производ исто така ќе им овозможи на луѓето да се ослободат од контактните леќи, и ќе им понудат сосема нов поглед на светот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top