Научниците бараат државата да најде кој шверцувал и препакувал ГМО ориз во Македонија

ORIZ.jpg

Сортите ориз кои се одгледуваат во Македонија потекнуваат од Италија и Турција и се добиени со класични методи, односно не се Генетски модифицирани, велат од Земјоделскиот институт од Скопје.

Оттаму појаснуваат дека оризот кој беше пронајден од Агенцијата за храна и ветеринарство најверојатно е илегално увезен во Македонија.

Од Институтот велат дека науката не е развиена до тој степен во Македонија да може да се произведува ориз со ГМО.

Оттаму апелираат надлежните институции во целост да го испитаат случајот бидејќи поради 550 килограми прошверцуван ориз може да се нанесе огромна штета на земјоделците кои годишно во Македонија произведуваат околу 15 илјади тони.

Увезувачите на семиња, пак, велат дека семињата кои влегуваат во Македонија се наоѓаат и на европската и на македонската позитивна листа на семиња.

Агенцијата за храна и ветеринарство заедно со Државниот инспекторат за земјоделство, како и останатите надлежни институции во моментот испитуваат од каде точно дошол оризот, дали станува збор за ориз кој е произведен во Македонија или пак е увезен.

Во Македонија строго забрането е производство и продажба на генетски модифицирана храна. Во Европската унија, пак, може да се продава ваква храна, но тоа мора да биде истакнато на декларацијата. Слично било и во Македонија до 2015. година кога било одлучено генетски модифицираната храна целосно да се забрани.

Агенцијата за храна во изминатиот период обзнани два случаи на храна со ГМО. Едниот беше ориз со ГМО кај откупувач, а другиот беа соини трошки и соини шницли на Виталија кои биле увезени од Србија. Во двата случаи операторите добија парична казна од 5.000 евра, а одговорните лица по 1.700.

ВИДЕО НА СИТЕЛ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail