Научниците чекор поблиску до создавање вештачки ембрион

embrion_620x0-620x330.jpg

Меѓународен тим научници сметаат дека се блиску до создавање вештачки ембрион, по користењето на матични клетки од глушец, чија структура овозможува натамошен развој на клетките и ембрионот.

Научниците веруваат дека во иднина ќе може да се создаде и вистински човечки ембрион, што ќе овозможи подобро проучување на раните фази од развојот на човекот, преку вештачки, а не вистински ембрион.

Тимот е предводен од Магдалена Зерницки – Гец, од Универзитетот Кембриџ. Тие претходно, во лабораториски услови, креирале поедноставна структура која наликува на ембрион од глушец.

Тој експеримент подразбирал два вида матични клетки и тридимензионална структура на која ќе се развиваат клетките.
Сега, научниците развија структура со помош на три типа матични клетки, со што се овозможува процес на т.н. гаструлација.

Тоа е суштински важен чекор, кога клетките на ембрионот почнуваат да се самоструктурираат, што значи правилен развој на самиот ембрион.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail