Научниците дизајнираа батерија која гаси пожар на мобилните телефони

baterija.jpg

Научниците дизајнираа литиум-јонска батерија која содржи материјал за гасење пожар, кој се пушта доколку батеријата стане премногу топла, пишува Би-Би-Си.

Во батеријата има школка која содржи трифенил фосфат, а школската се топи доколку батеријата достигне температура од 150 целзуисови степени и на тој начин го испушта хемискиот спој, кој не дозволува мобилниот телефон да се запали.

Ако литиум-јонската батерија премногу брзо ги полни келиите, таквиот процес може да доведе до краток спој, што потоа би предизвикал пожар.

Во Февруари минатата година, американскиот Национален совет за сигурност во сообраќајот издаде предупредување за ваквите батерии во авионите, опушувајќи ги како извор на пожар и експлозии.

Иако Самсунг се уште нема објавено резултати од нивното истражување, сепак истружувањата на поединечни научници велат дека проблемот со Note 7 и експлодирањето на мобилните телефони било предизвикано од батериите.

Сепак, компанијата не потврди дека нивните истражување ги покажуваат истите резултати.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail