Научниците докажаа: Мозокот работи и по престанокот на работата на срцето

mozok.jpg

Истражувачите од универзитетот „Western Ontario“ забележале мозочна активност кај пациент, кој бил клинички мртов.

Човечкиот мозок може да остане активен и по клиничка смрт, докажуваат докторите од Канада.

Тие го следеле мозокот на еден пациент на одделот на интензивна нега и се изненадиле кога забележале мозочна активност и 10 минути по престанокот на работата на срцето. Освен тоа, забележани се мозочни бранови, слични на оние кои се јавуваат кога сме во длабок сон.

Научниците сè уште не ја знаат причината за таа активност, ниту што се случува во мозокот по смртта, со оглед на тоа дека сите луѓе доживуваат поинаква смрт. Имено, тие истовремено проучувале уште три пациенти, кај кои мозочната активност престанала пред да престане работата на срцето.

Овој експеримент поттикнал бројни дискусии, меѓу кои и онаа за етиката на донирање на органите. Прашањето кое се поставува е кога некој е навистина мртов и кога е прифатливо да се извадат органите.

Но, научниците велат дека сè уште е прерано за изведување на било какви заклучоци, бидејќи засега постојат докази само за еден пациент. Слично истражување било спроведено и врз група на стаорци, кај кои исто така била забележана зголемена мозочна активност по нивната смрт.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail