Научниците докажаа: Oвие емулгатори го зголемуваат ризикот од рак на дебелото црево

kancer.png

Експериментите спроведени на глувци го поврзуваат внесот на два често користени емулгатори со зголемениот ризик за рак на дебелото црево, пренесуваат медиумите.

Американските научници од Универзитетот Џорџија Стејт, објаснуваат дека внесот на овие емулгатори бил поврзан со промени во составот на цревната флора кои доведуваат до развој на воспалителни процеси и зголемен ризик за заболување од рак на дебелото црево.

Емулгаторите се додаваат на прехранбените производи за подобрување на текстурата и продолжен рок на траење.

Новите наоди се добиени со следење на последиците од внесот на полисорбати 80 и карбоксиметилцелулоза. Ракот на дебелото црево е една од најчестите причини за смрт од рак во светот, а се повеќе истражувања упатуваат на улогата на цревните бактерии во неговиот развој.

Бројот на случаи на рак на дебело црево значително расте од втората половина од минатиот век, пишува стручното списание Cancer Research.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail