Научниците дошле до големо откритие за кепсовата пирамида

nak.png

После 2 години истражување, тимот од јапонски и француски научници објавил дека во внатрешноста на Кеопсовата пирамида најверојатно се наоѓа голема празнина.

Сè уште не е дефинитивно потврдено дека празнината постои, а не може да се знае дали содржи некои вредни работи.

Научниците користеле техника позната како миографија што може да почувствува промени во густината во големите карпести структури. Пирамидите биле изградени помеѓу 2059 и 2483 година п.н.е и содржат три големи комори и неколку премини.

Наводната празнина се наоѓанад комората Голема галерија, долга 47 и висока 8 метри.

2
Фото: ScanPyramids

„Не знаеме дали празнината хоризонтална или наведната“, вели Мехди Тауоби од парискиот институт и додава дека се сигурни дека се наоѓа голема празнина што е прилично импресивна.

Научниците  од тимот „СкенПирамидс“ се доста внимателни околу опишувањето на празнината и за нив таа не е комора. Американскиот археолог МаркЛехнер сè уште не е уверен дека ова откритие има големо значење.

Une cavité inconnue de 30 mètres de long découverte dans la pyramide de  par !!! @MehdiTayoubihttps://www.sciencesetavenir.fr/archeo-paleo/archeologie/historique-une-cavite-de-30-metres-de-long-decouverte-dans-la-pyramide-de-kheops_117964 

Une représentation de ScanPyramids Big Void dans la pyramide de Kheops

Historique ! Une gigantesque cavité de 30 mètres de long découverte dans la pyramide de Kheops

En Egypte, une gigantesque cavité de plus de 30 mètres de long a été détectée et confirmée de manière irréfutable au cœur de la pyramide de Kheops par la mission ScanPyramids. Une découverte publiée…

sciencesetavenir.fr

„Тоа би можело да биде некој вид простор што градежниците го оставиле за да го заштитат кровот на Големата галерија од тежината на пирамидата“, вели тој.

За него празнината е „аномалија“ и дека мора да се насочат на тоа, особено во период кога не можел да се пробие патот со помош на експлозиви како што тоа го правел британскиот египтолог Хауард Вајс кон почетокот на 1800-те.

Хејни Хелаи, еден од лидерите на тимот, е уверен дека празнината е премногу голема за да има улога на „олеснувач“ на притисокот. Вели дека се обидуваат да ја разберат внатрешната структура на пирамидите и начинот на кој била изградена.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail