Научниците измерија температура од – минус 98 степени!

mraz.jpg

Научниците во вторник објавија дека ја забележале најниската температура на Земјата преку сателитски податоци.

Истражувачите откриле дека температурата на Антарктикот достигнала температура од минус 98 степени Целзиусови.

Научниците кои ги објавија истржувањата во еден магазин, велат дека ова е најниската измерена температура во историјата.

„Се забележува период на сув воздух, кој овозможува топлината од снегот да замине во вселената“, вели истражувачот Тед Скамбос.

Бидејќи е невозможно да се инсталира метеоролошка станица на тоа подрачје, Скамбос и неговито тим погледнале сателитски податоци од 2003. до 2016. година за да видат колку е ладно.

Иако Антарктикот е едно од најладните места во светот, очигледно некои негови делови се загреваат бидејќи е откриен вулкан под ледените брегови на Антарктикот.

Меѓународен тим истражувачи кажа дека вулканот помага во топењето на западниот дел на Антарктикот, а причина за тоа е глобалното затоплување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail