Научниците изведуваат експеримент кој би им овозможил на луѓето да живеат 130 години во тело на 20-годишник

star-mlad.jpg

Научници од Харвард направиле експеримент на кучиња и тврдат дека можат да ги направат помлади, додавајќи им нови ДНК инструкции на нивните тела. Тимот од Универзитетот Харвард започнал прелиминарни истражувања на кучиња од расата “бигл”, а како што велат, еден ден можибе ќе се обидат и на луѓе.

Тие го засновааат овој експеримент на претходни истражувања во кои ги променувале гените во едноставни организими, како црви и муви, со што се дуплирал нивниот животен век.

Поранешните истражувања исто така покажуваат дека давање на трансфузија на крв од млади глувци на стари, може да ги обнови некои биомаркери.

“Веќе изведовме доста тестови над глувци и сега работиме на кучиња, а потоа ќе се обидеме и над луѓе”, вели еден од оснивачите на програмата, американскиот генетичар Џорџ Черч, пренесува Дејли Меил. Како што вели тој, сам ќе се пријавел за тестирање ако се покаже дека е безбедно.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top