Истражувачите од Државниот Универзитет во Охајо и Универитетот Вандербилт, откриле планета што е пожешка од сите досега познати планети.

Планетета која е наречена „KELT-9b“ има температура од 4.600 Келвинови степени (околу 4.327 степени Целзиусови), што е само 1.200 келвини помалку од температурата на Сонцето.

Високата температура делумно се должи на тоа што и ѕвездата околу која орбитира – која се нарекува „KELT-9“ е исклучително жешка, а делумно затоа што планетата се наоѓа многу блиску до неа. На планетата и се потребни само два дена да ја помине својата орбита.

Таквата близина значи дека планетата не може долго да опстане, бидејќи радијацијата од ѕвездата „KELT-9“ е толку голема што целата планета би можела да исчезне во вселената.

Експертите велат дека планетата наликува на комета додека кружи од едниот до другиот пол на ѕвездата, што е уште еден необичен аспект на ова откритие.

„KELT-9b“ ја откривме во 2014 година, но ни требаше долго време да се увериме дека овој необичен свет е всушност планета која кружи околу друга ѕвезда. Матичната ѕвезда е два и пол пати поголемата и речиси двојно пожешка од Сонцето и  се врти со голема брзина“ – вели професорот Скот Гауди од Универзитетот во Охајо.

Според истражувачите, планетата е два пати поголема од Јупитер, а има три пати поголема маса.

Планетата е речиси „заклучена“ со свјата ѕвезда, што значи дека секогаш ја покажува истата страна, исто како што Месечината секогаш ја покажува истата страна кон Земјата.

Наодите за планетата „KELT-9b“ се објавени во списанието „Nature“.

 извор: enauka.mk
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail